Достапни линкови

Граѓаните ќе си ги плаќаат електронска здравствена картичка


Собранието попладнево не го прифати Предлог-законот за изменување на Законот за здравствено осигурување, поднесен од пратеници од опозицијата.
Предлог законот, според образложението, претставува антикризна мерка со која се предлага замената на здравстените легитимации со електронска здравствена картичка да биде на товар на Министерството за здравство, односно Буџетот, а не за нив да плаќаат граѓаните.
Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, наведоа дека здравствените легитимации заминуваат во историјата, а електронската здравствена картичка ќе им помогне и на осигурениците и на лекарите. Ранливите категории, посочија, нема да плаќаат за картичка. Средствата кои ќе бидат собрани од картичките, истакнаа тие, ќе се вратат во здравството за набавка на опрема.
XS
SM
MD
LG