Достапни линкови

Во Бугарија им се суди на 13 луѓе за радикален ислам


Судењето во Пазарџик.

Судењето во Пазарџик.

Бугарскиот суд денеска почна судење на тринаесет бугарските муслимани по обвиненијата дека проповедаат радикален ислам. Групата составена од 12 мажи и една жена - имами, муфтии и наставници, е обвинети за основање на локалниот огранок на екстремистичката група Ал-Вагф Ислами. Групата е финансирана од саудиска организација и е осомничена за врски со Ал-Каеда. Обвинителите велат дека 13-те обвинети проповедале радикална идеологија заснована на тврдокорните салафистички учења за време на молитвите во џамиите. Обвинетите негираат дека сториле нешто лошо. Околу 300 поддржувачи се собраа пред судницата во јужниот град Пазарџик, каде што се одвива нивното судење. Околу 13 проценти од населението во Бугарија се муслимани.
XS
SM
MD
LG