Достапни линкови

Антијапонски демонстрации во Кина


Десетина илјади Кинези денеска повторно протестираат барајќи од Јапонија да не го менува статусот на спорните острови во Источното кинеско море. Денешните протести се сопваѓаат со годишнината од „инцидентот во Мукден“ кој на 18 септември 1931, послужи како изговор Јапонија ја изврши инвазија на Манџурија.
Ширум Кина јапонските фирми и ресторани ги испратиле дома своите вработени од претпазливост.
Во Пекинг имало протести пред јапонската амбасада. Демонстрантите фрлале со пластични шишиња и со јајца кон амбасадата.
XS
SM
MD
LG