Достапни линкови

Маршал Тито замина од Битола


Широк Сокак, Битола.

Широк Сокак, Битола.

Со одлука на Советот на општина Битола се преименувани 24 улици кои претежно носеа имиња од социјалистичкиот период.

Името на главната битолска улица Маршал Тито кое се користеше 70 години е заменето со Широк Сокак. Улицата Иво Лола Рибар со Македонска фаланга, Иван Милутиновиќ со Филип Втори, Бошко Буха со Круме Кепески и други. Со одлука на општинскиот Совет преименувани се 24 улици кои претежно носеа имиња од социјалистичкиот период.
Точно во периодот пред локалните избори да променувате ваква бројка на улици во кои ќе се создаде функционален проблем во делот на самиот чин на гласање и повикување, во делот на личните документи, во делот на она што ќе претставуваат и дополнителни трошоци за промена на личните документи на граѓаните кои живеат на преименуваните улици, создава целосна забуна.

Ваквата постапка предизвика реакции од опозиционите советници кои обвинија дека локалната власт ги преименува улиците последниот ден пред почетокот на забраната шест месеци пред избори да нема вакви промени.

„Точно во периодот пред локалните избори да променувате ваква бројка на улици во кои ќе се создаде функционален проблем во делот на самиот чин на гласање и повикување, во делот на личните документи, во делот на она што ќе претставуваат и дополнителни трошоци за промена на личните документи на граѓаните кои живеат на преименуваните улици, создава целосна забуна“, изјави Томе Наумов советник од СДСМ.

„Законот е јасен дека шест месеци пред одржувањето на било кои избори, не смее да се менуваат имиња на улици. Ако изборниот закон пишува дека локалните избори ќе се одржат во втората половина на март, тоа значи дека од 16 септември, власта нема да има право да ги менува улиците. Таа го фати последниот воз да ја истурка својата политика, да ги промени имињата на улиците“, изјави Горан Милевски од ЛДП.

Советниците од владејачката партија потврдија дека идните шест месеци нема да можат да се менуваат имињата, но не гледаат ништо спорно во досегашното преименување. Велат поставени се имиња на македонски борци, како и на бранителите од Битола кои загинаа во конфликтот во 2001 година.

„Одговорно тврдам дека се земени предвид имиња на истакнати личности од минатото на Македонија и на Битола. Зар бранителите кои ги положија животите не заслужуваат да бидат на листите на имиња“, изјави Сашо Илијовски од Комисијата за урбанизам.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG