Достапни линкови

Попоски - Очекуваме објективен извештај


Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека од Европската комисија во октомври очекува објективен извештај за напредокот на Македонија и оти почетокот на пристапните преговори се наметнува како потреба и за ЕУ доколку Брисел сака да го задржи кредибилитетот.

За добрососедските односи, прашање што вчера во Скопје го отвори еврокомесарот Штефан Филе, Попоски истакна дека Македонија гради добри односи со соседите, нуди иницијативи и проекти, работи на создавање позитивна клима на Балканот, и очекува тоа да биде препознаено во претстојниот извештај на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG