Достапни линкови

logo-print

Белорусија- уапсени новинари кои покривале опозициски настан


Група на белоруски и странски новинари биле уапсени и задржани во притвор на неколку часа денеска во Минск. Биле уапсени новинари на Ројтерс, Асошиетед прес, на германската телевизија ЗДФ, белорускиот опозициски канал Белсан ТВ и локалната новинска агенција БелаПАН, додека следеле јавна акција на опозициското движење „Кажи ја вистината“, кое повикува на бојкот на парламентарните избори закажани за 23 септември.
Сите новинари подоцна биле ослободени. Неколку од нив изјавиле дека биле тепани.
XS
SM
MD
LG