Достапни линкови

Грчкиот дефицит поголем од очекуваното


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас денеска изјавил дека примарниот дефицит за оваа година ќе биде поголем од очекуваниот, поради се подлабоката рецесија.

Но и покрај се, Грција ќе биде во границите на лимитот што го поставија меѓународните кредитори за буџетскиот дефицит во номинални услови, изјави Стурнарис.

Тој информира дека примарниот дефицит, без трошоците за враќање на долгот, ќе изнесува 1,5 проценти од БДП, додека претходно беше прогнозирано дека ќе изнесува еден процент.
XS
SM
MD
LG