Достапни линкови

Кралев - Општина Чаир да постапи по препораките од инспекторатот


Панче Кралев, министер за образование.

Панче Кралев, министер за образование.

Порачувам на Општина Чаир дека е потребно да постапат согласно препораките на Државниот просветен инспекторат и во согласност со законските прописи во Република Македонија, изјави Министерот за образование и наука, Панче Кралев коментирајќи го вчерашното соопштение на Државниот просветен инспекторат за сменетите табли на училиштата во Општина Чаир.
Тој го осуди вчерaшното интонирање на химната на Албанија на државниот универзитетот во Тетово. Ние го осудуваме тој чин, затоа што станува збор за државен универзитет и при вакви настани треба да се интонира државната химна, вели Кралев. Прашан дали имаат заеднички координации со заменик министерот, кој доаѓа од ДУИ, Кралев одговори дека имаат координации за тековните активности за проектите, кои се реализираат во сферата на образованието.
XS
SM
MD
LG