Достапни линкови

Судот нареди да не се продаваат фотографиите од голата војвотка Кејт


Францускиот суд му нареди на магазинот „Closer“ да се воздржи од продажба на фотографиите на кои британската војвотка Кејт е топлес. Судот исто така му нареди на магазинот, односно на фотографот да им ги предаде фотографиите на кралската двојка во наредните 24 часа. Претходно денеска француското обвинителство поведе постапка против објавувањето на фотографиите. Фотографиите се направени додека принцот Вилјам и неговата сопруга Кејт биле на одмор во Франција.
„Closer“ ги објави фотографиите на 15 септември. А следниот ден фотографиите се најдоа и во италијански магазин. И двете списанија се во сопственост на компанија која ја води семејството на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
XS
SM
MD
LG