Достапни линкови

НАТО ги запре заедничките операции со авганистанските сили


Одлуката „привремено да се прекинат“ заедничките операции со авганистанските сили е одговор на „актуелната закана, соопштуваат од НАТО. Британскиот секретар за одбрана Филип Хамонд изјави дека одлуката не е „формализирана“, но дека ќе има „минимално влијание“ на операциите.

Командантот на американските сили во Авганистан, Џејмс Тери, денеска издаде наредба за суспендирање на заедничките операции кои се однесуваа на помалите единици кои бројат помалу од 800 војници. Одлуката е донесена по зголемувањето на инциденти во кои авганистански војници и полицајци, или бунтовниците кои се преставуваат како авганистански сили убиваат странски војници. Најмалку 51 војник на НАТО се убиени во т.н. инсајдерски напади од почетокот на годината.
XS
SM
MD
LG