Достапни линкови

Тимошенко останува уште еден месец во болница


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко ќе остане во болница уште најмалку еден месец, соопштија украинските здравствени власти. Соопштението на украинските власти доаѓа еден ден откако германскиот лекар кој се грижи за здравјето на Тимошенко, изврши преглед на поранешната премиерка.

Тимошенко е на болнички третман од мај годинава, откако се пожали на болки во грбот.

Таа отслужува 7 годишна затворска казна за обвиненија дека ја злоупотребила службената должност. Тимошенко негира дека сторила нешто лошо.

Минатата недела една осуденичка која делела соба во клиниката со Тимошенко, на новинарите им изјави дека поранешната премиерка всушност е здрава, но симулира дека е болна, заради ПР пред јавноста.
XS
SM
MD
LG