Достапни линкови

Брахами се сретна со сириски бегалци


Сириски бегалци.

Сириски бегалци.

Специјалниот претставник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Лакхар Брахами денеска се сретна со претставници на сириските бегалци во камп во близина на границата со Турција. Ова е прв контакт на Брахами со сириски бегалци, откако ја презеде функцијата специјален претставник за Сирија. Во кампот Алтинозу кој се наоѓа во градот Хатеј има околу 1.300 бегалци.
Од почетокот на конфликтот до сега, повеќе од 250 илјади луѓе побегнале од Сирија. Брахами се сретна и со локалните власти за да разговара за бегалците. Во Турција има околу 83 илјади бегалци. Анкара повика да се изгради „безбедна зона“ во Сирија во која ќе се сместуваат бегалците.
XS
SM
MD
LG