Достапни линкови

Синдикални превирања колку нешто да се случува


Илустрација: Корица на студијата „Штрајк - Искуства и состојби“.

Илустрација: Корица на студијата „Штрајк - Искуства и состојби“.

Има навестување дека најстариот синдикат во земјава ССМ ќе се здружува со Конфедерацијата на слободни синдикати.

Постојат знаци дека синдикатите можеби си играат со промени, почнувајќи од штрајкот на здравствените работници најавен в понеделник, до консолидирањето на имиџот на најстариот синдикат во земјава ССМ преку навестувањето за здружување со Конфедерацијата на слободни синдикати, меѓутоа колку тоа ќе успее е сосем различно.

Знаете како, синдикатите се формираат наменски, за еднократна употреба. Вие знаете, кога нешто се употребува еднократно потоа се фрла. Генералната политика за синдикалното движење оди назад. Ова се мали обиди на некои синдикати, како тој на Клиничкиот центар и други синдикати кои се тотално независни.

Имам чувство дека политиката не дава тоа да се случи, вели Драги Јовановски, експерт по трудово право. Синдикатите се обидуваат да направат нешто ново, но во исто време се случуваат и некои тивки форми на нови синдикални движења кои поскоро ја наведнуваат главата и флертуваат со терминот дијалог како поблага форма на комуникација со властите од штрајкот кој го договараат нивните колеги. Како и многу други аналитичари и Јовановски останува песимист.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


„Знаете како, синдикатите се формираат наменски, за еднократна употреба. Вие знаете, кога нешто се употребува еднократно потоа се фрла. Генералната политика за синдикалното движење оди назад. Ова се мали обиди на некои синдикати, како тој на Клиничкиот центар и други синдикати кои се тотално независни.“
За волја на вистината, и оној маневарски простор што синдикатите го имаат во Македонија не е искористен поради низа околности, на пример кокетирање со властите, лоша кадровска политика, внатре синдикални пресметки итн.

Но додека јавното здравството се соочува со серија големи предизвици, ново пресметување на платите на лекарите и буџет кој диктира број на интервенции, број на операции кои една установа може да ги изведе, високите службеници кои менаџираат со промените создадоа имиџ кој нив ги одделува од работниците. Според синдикатот, сепак реформите во здравството се само нешта кои ги гледаат мал број луѓе. Наспроти ПР кампањите на високите јавни службеници во здравството и озборувањата за реформи, експертите со песимизам гледаат на уште една промена.

„Класичен пример за тоа е поднесување на тужба за поништување на одлука за штрајк. Државата очигледно го гуши синдикалното движење во Македонија“, вели Јовановски.

Министерот за здравство Никола Тодоров, пак, изјави дека „одредени структури“ се обидуваат да ги минираат преговорите со Синдикатот и оти е разочаран што на состанокот со синдикалците не дошле до решение.

Она што не е јасно, додава Лидија Христова од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, е дали синдикатите само им кажуваат на работниците и јавноста она што тие сакаат да го слушнат или дали навистина имаат намера да одат напред.

„За волја на вистината, и оној маневарски простор што синдикатите го имаат во Македонија не е искористен поради низа околности, на пример кокетирање со властите, лоша кадровска политика, внатре синдикални пресметки итн.“

Се случија и други предизвици пред кои синдикатите ефективно не направија ништо. Се зголеми цената на струјата и парното, а во изминатите месеци скокнаа и цената на јајцата, овошјето, зеленчукот, како и на рибата и месото. Синдикатите исто така останаа неми за економските проблеми во компаниите како резултат на кризата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG