Достапни линкови

logo-print

Универзитетите како орудие на политиката


Недозволиво е однесување на Универзитетите кое ја поттикнува меѓуетничката недоверба и создава бариери меѓу етничките заедници во државата, велат експертите.

Наместо предводници на општеството и промотори на неговите вистински вредности, професорите станаа партиски послушници. За дел од стручната јавност, недозволиво е однесување кое ја поттикнува меѓуетничката недоверба и создава бариери меѓу етничките заедници во државата.
Во едно општество кое е премногу заситено од национализам, тие треба да бидат оние кои треба да одат на база на смирување, на ширење на меѓуетничката доверба и слично, а не да бидат оние кои ќе го поттикнуваат национализмот.

„Во едно општество кое е премногу заситено од национализам, тие треба да бидат оние кои треба да одат на база на смирување, на ширење на меѓуетничката доверба и слично, а не да бидат оние кои ќе го поттикнуваат национализмот и дополнително ќе создаваат бариери помеѓу етничките групи во земјата“, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.


Не беше тешко да се претпостави дека почнувањето на академската година со молебен ќе предизвика негативни реакции во едно општество, додава Савески.

„Да се биде професор значи да се има одреден морален интегритет. Тоа меѓу другото значи дека ако одредена власт сака да спроведува одредена политика и од одговорните тела на универзитетот бараат да спроведат некоја мерка, тие треба барем малку да покажат морален интегритет и да ги видат последиците кои следат од тој потег.“
Е сега како реакција доаѓа и пеењето на химната на универзитетите, да се бараат други начини како да се спротивстават едни на други, така што ова не оди на добро.

Интонирањето на албанската химна со која беше означен стартот на академската година на Тетовскиот универзитет беше своевидна реакција на молебенот, признава професор Мустафа Абзим од овој универзитет.

„Е сега како реакција доаѓа и пеењето на химната на универзитетите, да се бараат други начини како да се спротивстават едни на други, така што ова не оди на добро, постојат закони и тие закони секој треба да ги почитува.“

Според Абзим, токму политиката и нејзиното мешање во високото образование е виновна за падот на вредностите и намалениот квалитет на образовниот систем. Во времиња кога образовните институции стануваат јадро на партиски кадри, тешко е да се води борбата за слободна и независна мисла, растоварена од политичкото влијание, вели тој.

„Секој ден паѓа квалитетот на наставата, се вработуваат партиски луѓе без знаење и тоа води кон тоа дека тие мора да бидат послушни на партиите.“

Впечаток на нашите соговорници е дека скоро сите настани во оваа земја се користат за спроведување на одредена политика, а во последно време на удар се и универзитетите со што се нарушува нивната автономност.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG