Достапни линкови

Нов случај на вирусот „Западен Нил“ во Хрватска


Хрватскиот завод за јавно здравство откри кај пациентка од Славонски Брод 5 - ти случај на зараза со висусот Западен Нил во Хрватска.
„За разлика од претходните четири, се работи за автохтон случај бидејќи пациентката не била надвор од Бродско-посавската жупанија“, изјави Марица Милетиќ Медвед, специјалист епидемиолог од Заводот за јавно здравство на таа жупанија.
Инфицираната пациентка е на возраст од 60 години, а заболела на 29 август. Таа како што се верува, заболела од измет на речен галеб кој допрел до очната слузница. Пациентката е вон животна опасност.
XS
SM
MD
LG