Достапни линкови

Се повеке земји го блокираат Јутјуб поради филмот за пророкот Мухамед


Русија најверојатно наскоро ќе им се придружи на се поголемиот број земји кои го блокираа или ограничија Јутјуб за да се спречи натамошно гледање на филмот со кој се исмејува пророкот Мухамед, најави министерот за комуникации Николај Никифоров.
Компанијата Гугл, како сопственик на Јутјуб, го блокира пристапот кон филмот за Египет, Либија, Индија, Индонезија и Малезија.
Бангладеш го блокира Јутјуб, а сличен чекор најави и Пакистан.
XS
SM
MD
LG