Достапни линкови

Северна Кореја потпиша договор за долгот кон Русија


Северно корејската агенција КЦНА јави дека Пјонгјанг и Москва потпишале договор за долгот на Северна Кореја кон Русија. При тоа детали не се дадени.
Се проценува дека долгот наследен од времето на Советскиот Сојуз изнесува 11 милијарди евра.
Како што јавуваат руските медиуми, на претходните преговори Москва наводно се согласила да отпише 90 насто од долгот во замена за можност за инвестирање во проекти од енергијата, здравството и образованието во Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG