Достапни линкови

Грција ги зајакнува меките против илегалните имигранти


Грчките власти ќе отворат четири нови прифатни центи за имигранти на островите Киос, Лезвос, Самос и Родос, во Егејско Море за да се справат со очекуваниот зголемен број илегални имигранти кои би се обиделе да влезат во земјата преку море.
Целта на центрите е да се спречат имигрантите да дојдат до копното додека не бидат депортирани. Грчките власти исто така одлучија да ги интензивираат патролите на бродовите на крајбрежната стража и членките на агенцијата за мониторинг на границите на ЕУ Фронтекс, по должината на морските граници.
XS
SM
MD
LG