Достапни линкови

Без успех разговорите на „контакт-групата“ за Сирија


Регионалните сили се состанаа за да разговараат за кризата во Сирија. Во таканаречената "контакт група" се Турција, Саудиска Арабија, Египет. Сите бараат претседателот Башар Ал Асад да се повлече, како и Иран, кој го поддржува. Од непознати причини, саудискиот министер за надворешни работи принцот Сауд ал-Фајсал, сепак, не присуствуваше на вчерашните разговори во Каиро и никој не бил испратен во негово место. Египетскиот министер за надворешни работи Мохамед Камел Амр изјави дека Контакт групата одлучила повторно да се сретне во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН. Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи изјави дека четири држави имаат "голема улога" за состојбата во Сирија. Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу говореше за потребата за "регионална сопственост на прашања од нашиот регион." Аналитичарите се сомневаат за шансите на групата со оглед на недовербата која постои меѓу Саудиска Арабија и Иран.
XS
SM
MD
LG