Достапни линкови

logo-print

Најмалку осум мртви во самоубиствен напад во Кабул


Автомобил-бомба удрил во близина на меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, Кабул. Авганистанската полиција соопшти дека бомбашот удрил во мини-комбе во кое биле странски работници во авијацијата. Последните извештаи говорат за осум странци и еден Авганистанец кои се убиени. Други осум авганистански работници се повредени во експлозијата. Групата Хезбе-Ислами ја презеде одговорноста за нападот кој бил одговор на американското интернет видео за кое се смета дека е навреда на исламот. Новинар на Асошиејтед Прес сведочи за несреќата, изјавувајчи дека видел најмалку шест тела во близина на уништени мини-комбе, кои беа фрлени околу 50 метри од експлозијата.
XS
SM
MD
LG