Достапни линкови

Уапсени 200 демонстранти на Вол стрит


Полицијата соопшти дека околу 200 лица од движењето "Окупирај го Вол стрит" синоќа биле уапсени. Демонстрантите марширале во мали групи низ финансискиот кварт во Менхетен да ја одбележат годишнината од постоењето на ова движење. Демонстрантите го блокирале сообраќајот, а десетици полицајци и комбиња беа наредени на улиците. Извештаите зборуваат за многу помал одзив на протетстите и присуство од само неколку стотини демонстранти, за разлика од минатата година кога имало илијадници. За одбележување на годишнината, вакви настани се планирани во повеќе од 30 градови низ светот. Во Сан Франциско, е предвиден попладневен марш кон финансисите институции и вечерен марш пред Американската централна банка.
XS
SM
MD
LG