Достапни линкови

logo-print

Ромни фатен како кажува „срамни“ изјави


Мит Ромни

Мит Ромни

Претседателскиот кандидат на Американската Републиканска партија Мит Ромни бил фатен на видео снимка како им кажува на богати донатори дека речиси половина од сите Американци "веруваат дека тие се жртви" кои имаат право на дарежлива поддршка од владата. Во видеото, Ромни додава дека како кандидат за Белата куќа, "негова работа не е да се грижи за овие луѓе."
На набрзина свикана прес-конференцијата доцна во понеделникот, Ромни изјави дека коментарите биле извадени од контекст. Тимот на претседателот Барак Обама брзо го запленил видеото добиено од страна на еден магазин и го објави на денот кога Ромни призна дека се потребни промени во стратегијата на кампањата за да добие импулс претседателската трка.
XS
SM
MD
LG