Достапни линкови

logo-print

Хрватската Влада ги укина колективните договори за работа


Хрватската Влада ги укина колективните работни договори за државните службеници, отварајќи можности за намалување на екстра добивките и покрај отпорот на неколку синдикати. Со ваквата одлука на Владата се става крај на многу права и бонуси за службениците, кои постојат уште од времето кога Хрватска беше дел од СФРЈ, како што се екстра добивките за Божиќ и Велигден, како и дополнителните добивки. Колективните договори ќе бидат во сила за околу 180.000 учители, лекари, медицински сестри и социјални работници до 17 декември, по што договорите ќе бидат преразгледани или едноставно укинати.
XS
SM
MD
LG