Достапни линкови

logo-print

Реџепи: Во дијалогот Белград-Приштина можно е да се вклучат Клинтон и Ештон


Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека во дијалогот меѓу Белград и Приштина би можело да бидат вклучени и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Како што пренесува Танјуг, Реџепи истакнал дека „се зборува дека во натамошните преговори би се вклучиле со малку поголеми позиции од меѓународната заедница, како што се државниот секретар Клинтон и Кетрин Ештон. Тој додал дека „кога во дијалог ќе се вклучи толку тешка машинерија, тогаш тие и не те прашуваат многу за твојата воља, туку и нешто ти наметнуваат“.
XS
SM
MD
LG