Достапни линкови

Руската централна банка ќе продаде дел од уделот во „Сбербанк“


Руската централна банка објави денеска дека ќе продаде дел од својот мнозински удел во државната „Сбербанк“. Централната банка соопшти дека ќе продаде 7,6 проценти од акциите во Сбербанк. Со тоа ќе го намали својот удел на 50 отсто плус една акција, минимумот потребен за да може да го контролира мнозинството од акциите. Банката соопшти дека ќе продаде 1,7 милијарди акции по цена меѓу 91 рубли ( 3 долари) и пазарната цена кога понудата ќе биде затворена. Акциите ќе се продаваат во Лондон и во Москва. Оваа продажба ќе биде еден од најголемите продажба на руски акции во последниве години, откако владата има за цел да ги намали своите удели во некои од најголемите компании во земјата.
XS
SM
MD
LG