Достапни линкови

logo-print

Кабул загрижен за воздушните напади на НАТО


Влада на Авганистан денеска го осуди НАТО за воздушниот напад во кој загинаа осум авганистански жени, а беа повредени 10 други. Во соопштението издадено од кабинетот на претседателот Хамид Карзаи се вели дека вчерашниот напад е „неоправдан“ и со него се повредува меморандумот за разбирање меѓу Кабул и Вашингтон.
Во соопштението се наведува дека жените кои се убиени собирале дрва за огрев за време на нападот. Од ИСАФ најавија дека ќе испратат тим да го испита инцидентот.
XS
SM
MD
LG