Достапни линкови

Општина Чаир бара разрешување на министерот Кралев


Основото училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје
Основото училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје

По прекршочните пријави за непослушните директори, општина Чаир ќе покрене постапка против министерот Кралев за непочитување на Законот за локална самоуправа.

Општина Чаир ќе покрене постапка против Министерот за образование и наука Панче Кралев за непочитување на Законот за локална самоуправа и за негово разрешување, како одговор на покренувањето прекршочни пријави до Основиот суд против директорите кои не го почитуваа временскиот рок и не ги остранија таблите со новите имиња на училиштата.
Ние чекавме осум месеци и ги почитувавме одредбите од законот, по што таблите со новите имиња беа поставени на училиштата и заради тоа ќе покренеме постапка за непочитување на Законот за локална самоуправа. Министерот Кралев се однесува контрадикторно бидејќи досега немаше време да верифицира четири статути, а за една недела успеа да го крене Државниот просветен инспекторат.
Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.

Ова за Радио Слободна Европа го изјави градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити. Според него, директорите совесно си ја извршувале работата, бидејќи преименувањето на училиштата било по иницијатива на одборот на училиштето, родителите и наставниците.

„Просветниот инспекторат и министерот за образование Панче Кралев треба да размислат дека тоа што го прават е против волјата на народот, бидејќи предлогот за поставување нови имиња на училишта потекнува од нив. Тоа е во духот на Охридскиот Рамковен Договор и новиот Устав кои беа воведени по конфликтот во 2001 година. Директорите не прекршиле ниту еден закон, туку доселедно го спроведуваа“, вели Меџити.
Панче Кралев, министер за образование.
Панче Кралев, министер за образование.

Според Меџити предлогот за преименување на училиштата бил доставен до Министерството за образование и наука, а според законот доколку не се добие одговор во рок од 60 дена, одлуката која што ја донеле се смета дека е прифатена.

„Ние чекавме осум месеци и ги почитувавме одредбите од законот, по што таблите со новите имиња беа поставени на училиштата и заради тоа ќе покренеме постапка за непочитување на Законот за локална самоуправа. Министерот Кралев се однесува контрадикторно бидејќи досега немаше време да верифицира четири статути, а за една недела успеа да го крене Државниот просветен инспекторат“, додава Меџити.

Државниот просветен инспекторат по денешниот надзор поднесе прекрошочни пријави до Основниот суд против директорите кои не го исполнија барањето да ги вратат имињата на училиштата од општина Чаир. Просветниот инспекторат достави и предлог до училишните одбори и до градоначалникот на Чаир за разрешување на директорите од функцијата. Казните изнесуваат по 2.000 евра за правниот субјект и по 500 до 800 за одговорните лица.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG