Достапни линкови

Полска забрани увоз на алкохол од Чешка


Полска забрани увоз на алкошол од Чешка, по зголемувањето на бројот на жртви од труења со нелегален алкохол. Од полскиот главен здравствен инспекторат потврдија дека полските власти на еден месец забранија увоз на сите алкохолни пијалаци од Чешка со исклучок на виното и пивото.

Во Чешка 20 лица починаа, а десетици се хоспитализирани откако добиле труење со нелегален алкохол во кој имало токсичен метанол. Чешките власти во петокот забрани продажба на алкохолни пијалоци што содржат повеќе од 20 проценти алкохол.

Полските медиуми објавија дека најмалку четири луѓе од Полска починале од пиење затруен алкохол и дека за најмалку два смртни случаи се смета дека се резултат на пиење алкохол од Чешка.
XS
SM
MD
LG