Достапни линкови

Филе- датумот за преговори е политичка одлука


Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Одлуките за почеток на преговори ги носат сите членки на Европската унија и тоа е политичка одлука, не сакам да ги предвидувам резултатите кои ќе се знаат на 10 октомври, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со премиерот Никола Груевски.

Комисијата во моментов подготвува објективен извештај, рече Филе.

„Затоа нагласив дека имплементацијата на она што е досега усвоено треба да продолжи до декември годинава. И затоа велам дека високиот пристапен дијалог меѓу Македонија и ЕУ и сите прашања кои досега ги покривме и резултатите од тоа ќе им помогне на земјите членки на Унијата да му пријдат на ова прашање конструктивно“, истакна Филе.

Премиерот Груевски очекува во извештајот на Европската комисија да биде препознаена работата и посветеноста на Владата во спроведувањето на преземените обврски и реформите, а соодветно на тоа и валоризирана.
XS
SM
MD
LG