Достапни линкови

logo-print

Намален бројот на барателите на азил од балканските земји во Швајцарија


Воведувањето на процедурата за забрзано разгледување на барањата за азил во Швајцарија, довело до намалување на бројот на поднесените азиланстаки апликации од страна на државјаните од балканските земји.

Во последните петнаесет денови на месец август биле поднесени само 70 барања за азил од државјани од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Албанија. Само две недели порано, нивниот број беше 274, покажуваат статистичките податоци на швајцарското Федерално биро за миграција.

Од 20 август, барањата за азил поднесени од т.н. „сигурни“ земји, меѓу кои се наоѓа и Македонија, се разгледуваат за 48 часа.
XS
SM
MD
LG