Достапни линкови

Бугарите не го гледаа „Трето полувреме“, откако критикуваа на невидено


Трето полувреме, филм на Дарко Митревски, официјален постер.

Трето полувреме, филм на Дарко Митревски, официјален постер.

И покрај тензиите што ги подигнаа бугарските медиуми околу содржината на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, ниту еден бугарски новинар не присуствуваше на премиерата прикажана на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

И покрај тензиите што ги подигнаа бугарските медиуми околу содржината на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, ниту еден бугарски новинар не присуствуваше на премиерата прикажана на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Тензијата што беше дигната од страна на Бугарија само го зголеми интересот кај домашната публика да го погледне филмот. Така двете проекции ги гледаа нешто помалку од 2.000 гости, а во салата немаше ни едно слободно место. Филмофилите велат дека филмот ја прикажува историската вистина.
Мислам дека има доста недостатоци. Очекував повеќе. Но има филмот и работи кои се вредни и добро направени. Мислам дека таа тема пружаше можност за пожестока приказна со подобра поента. Тоа што е во филмот прикажано го разбираме ние. Искористени се доста тие дистанци и суптилни нијанси, кои странците тешко ќе можат да ги разберат освен ако не добијат претходно предзнаење за тоа.

„Мислам дека има доста недостатоци. Очекував повеќе. Но има филмот и работи кои се вредни и добро направени. Мислам дека таа тема пружаше можност за пожестока приказна со подобра поента. Тоа што е во филмот прикажано го разбираме ние. Искористени се доста тие дистанци и суптилни нијанси, кои странците тешко ќе можат да ги разберат освен ако не добијат претходно предзнаење за тоа“, вели Сунчица Уневска, филмски критичар.

„Секој сака да се брани и да ги го оправда своето недело. Јас ги сфаќам Бугарите, тие се во Европска унија, се стремат за понатаму. Но, не држеше тоа и режисерот покажа факти. Не можеме да бегаме од вистината. Ние не ја криеме историјата, ја кажуваме вистината на историјата“, изјави Стефан Хаџиантоновски, еден од основачите на фестивалот Манаки.

Бугарската страна најмногу реагираше за тоа што во филмот е прикажано дека депортацијата на Евреите во Македонија ја спровела бугарската војска.

Режисерот Дарко Митревски по промоцијата на филмот извади куп документи добиени од историски архиви посочувајќи дека филмот го снимал според нив.

„Во таа голема кампања имаше сè, освен факти. Ние не слушнавме никој да излезе со податоци кои се лесно достапни. Нив можете да ги најдете ако отидете на Google и отчукатe Македонија Холокауст. Ќе се појави истата оваа приказна. Еве документи - закон за заштита на нацијата, копија од бугарскиот закон препишан Нирнбершки закон на хитлеровиот Трет Рајх кој бил во сила на територијата на царство Бугарија. Закон за еднократен данок со кој на тие луѓе им се одземени имотите. Договор меѓу Александар Белев и Теодор Даникер за депортирање на 20.000 Евреи од Македонија, Тракија и Бугарија“, изјави Митревски.

Филмот „Трето полувреме“ е и во официјална конкуренција за наградата „Камера 300“ на фестивалот „Манаки“ во Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG