Достапни линкови

logo-print

Турција- убиени и уапсени стотици Курди за еден месец


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турските безбедносни сили убиле или заробиле околу 500 курдски бунтовници во текот на изминатиот месец. Ердоган рече дека десетици бунтовници беа убиени во текот на изминатите 10 дена во воената операција во југоисточниот град Хакари, во близина на границата со Ирак. Тој рече дека операциите против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), ќе заврши само откако бунтовниците ќе го положат оружјето.
XS
SM
MD
LG