Достапни линкови

Меркел - Грција мора да ги спроведе реформите


Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска повтори дека сака Грција да ја задржи во еврозоната, но не и понуди на Атина никакви нови отстапки, инсистирајќи на тоа дека мора да ги спроведе реформите кои ги ветила.
Меркел денеска на прес конференција го избегна одговорот на прашањето дали на Грција треба да и се даде повеќе време за да ги реализира непопуларните планови за намалување на државните трошоци и структурните реформи.
Меркел посочи дека Германија е подготвена да и помогне на Грција и дека и посакува успех на земјата, додавајќи оти е важно „тие реформи, од кои некои се тешки, да бидат спроведени“.
XS
SM
MD
LG