Достапни линкови

Тим на ИСАФ ќе ја истражува смртта на цивилите


Од ИСАФ мисијата во Авганистан денеска соопштија дека ќе испратат тим во провинцијата Лагман кој треба да ја истражи смртта на цивилите од воздушниот напад на НАТО за време на викендот.

НАТО потврди дека извршиле воздушен напад во неделата „врз голема група на вооружени лица кои покажувале непријателски намери“. Од ИСАФ сооштија дека за време на нападот загинале неколку бунтовниците, но имало и ненамерни цивилни жртви. Локалните авганистански официјални лица изјавија дека осум жени кои собирале дрва биле убиени во нападите на НАТО.
XS
SM
MD
LG