Достапни линкови

logo-print

Белорусија - критика за опозицискиот бојкот на изборите


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Од Централната изборна комисија во Беларусија денеска ја критикуваа одлуката на две партии од опозицијата да ги повлечат своите кандидати од парламентарните избори кои ќе се одржат на 23 септември. Опозициската Обединета граѓанска Унија и од Нациналниот Фронт вчера соопштија дека владата не успеала да ги ослободи политичките затвореници.

Шефот на изборната комисија Микалај Лозовик изјави дека нивната одлука покажува „непочитување на избирачи“ и претставува „пародија на правото.“

Двете партии, исто така, ги повикаа гласачите да се воздржат од учество на изборите. Политичкиот систем во Белорусија е строго контролиран од страна на претседателот Александар Лукашенко. Меѓународните набљудувачи изразуваат загриженост дека изборите во земјата се нефер.
XS
SM
MD
LG