Достапни линкови

Грчките судии повикаа на штрајк


Архивска фотографија- протести во Атина.

Архивска фотографија- протести во Атина.

Судиите и сите вработени во грчките судови од денеска до 30 септември ќе штрајкуваат од 10 до 15 часот во знак на протест против најавеното намалување на платите во судскиот систем. Се очекува на протестот да му се приклучат и обвинителите. За време на штрајкот нема да има судења и нема да се донесуваат пресуди, се надведува во соопштението од судовите.

Во меѓувреме, синдикатот на лекарите кои работат во јавниот сектор за денеска најави 24-часовен штрајк. Членовите на синдикатот примаат само итни случаи.

Штрајкот на судиите и на лекарите е само дел од низата штрајкови кои овој месец ги оганизираа државните службеници. Оваа категорија на вработени во Грција е директно погодена од мерките за штедење што од Грција ја бараат меѓународните кредитори.
XS
SM
MD
LG