Достапни линкови

Ештон ќе разговара со Џалили за иранската нуклеарна програма


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Кетрин Ештон.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Кетрин Ештон.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Кетрин Ештон, утре треба да се состане со ирачкиот претставник во преговарачкиот тим за иранската нуклеарна програма, Саид Џалили. Тие во Истанбул ќе разговараат за контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Портпаролката на Ештон, денеска рече дека средбата не е дел од преговарачка рунда, но е „дел од континуираните напори да се разговара со Иран.“

Во Истанбул денеска Џалили имаше средба со турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, на која разговарале за продолжување на меѓународните преговори околу ова прашање.

Западните сили и Иран не се договорија ништо на последната рунда на разговори во јуни.
XS
SM
MD
LG