Достапни линкови

Белград подготвен за преговори со Приштина, но нема да разгледува ултиматуми


Знамето на Србија поставено во Северно Косово.

Знамето на Србија поставено во Северно Косово.

Белград за време на дијалогот со Приштина ќе ги штити своите интереси и нема да разгледува ултиматуми поставени од Пришти, изјави денеска шефот на канцеларијата на српската Влада за Косово, Александар Вулин.

Вулин истакна дека неодамнешното прекинување на надгледуваната независност на Косово во суштина не менува ништо. Според Вулин, проблемот е во тоа што, веднаш по прекинувањето на меѓународната контрола се чувствуваат реакциите на Приштина. Тој истакна дека косовските власти му забраниле да влегува на тероторија на Косово.

Шефот на канцеларијата на српската Влада за Косово истакна дека Србија сака продолжување на преговорите за нормализирање на односите со Приштина, како и дека е подготвенa за преговори на високо ниво.
XS
SM
MD
LG