Достапни линкови

Клерикализација на универзитетот


Молитва за старт на академската година.

Молитва за старт на академската година.

Не е спорно академската година да почне на Богословскиот факултет, но проблем е кога почнува со црковен чин, вели професор Љубомир Цуцуловски.

Тоа што академската година почна на Богословскиот факултет не е спорно, но проблем е кога таа почнува со молебен што е црковен чин и е постапка со која се нарушува секуларниот карактер на државата, објаснува професор Љубомир Цуцуловски. Според него, симптоматично е и тоа што ректорот Велимир Стојковски сугерираше деканите да не ги носат своите одори и инсигнии кое упатува на можноста да се знае кој е кој.
Не требаше меѓу другото затоа што во Македонија постојат повеќе нации и повеќе религии, така што во таа смисла е извршена извесна дискриминација, а притоа не само што имаме припадници на различни религии од една иста нација, туку имаме и луѓе кои не се теисти, кои едноставно не веруваат во Бога или, пак, се двоумат.

„Не требаше меѓу другото затоа што во Македонија постојат повеќе нации и повеќе религии, така што во таа смисла е извршена извесна дискриминација, а притоа не само што имаме припадници на различни религии од една иста нација, туку имаме и луѓе кои не се теисти, кои едноставно не веруваат во Бога или, пак, се двоумат“, вели професор Цуцуловски.

Тоа што во своето обраќање првиот човек на МПЦ, господин господин Стефан ги критикуваше оние коишто мислат поинаку околу ваквиот старт на академската година, според професор Цуцуловски, е апсурдно и не е во духот на разбирањето и христијанството.

„Тоа е еден своевиден апсурд, бидејќи во суштината на христијанството е прошката и разбирањето за другиот. Исус препорачува да се молиме и за својот непријател, а од друга страна, ако не анатема, но сепак господин господин Стефан врши критика врз оние кои не го делат неговото мислење, што воопшто не е во духот на христијанството“, вели Цуцуловски.
Иако ректорот Стојковски неодамна изјави дека секоја година тој посетува неколку факултети за да ги поздрави новите генерации, сепак дел од професорите велат дека годинава сенка фрла тоа што ректорот ги кани првите личности на факултетите колективно да му одат на посета на само еден факултет каде што се извршува верски чин. Пораката што со овој чин се испраќа е многу силна и претставува јасно спојување на верата со македонскиот дел од државата, велат дел од македонските интелектуалци.
Сепак сме секуларна држава и на факултетите студираат студенти од различни религии, а има и доста атеисти. Овој симболичен почеток на учебната година верувам дека би навредил многу луѓе. Пред сè од политички аспект ова е класична клерикализација и воопшто не е во ред.

Дека ваквиот чин беше непотребен и може да ги навреди чувствата на многу други, укажуваат и од студентската организација Слободен индекс.

„Сепак сме секуларна држава и на факултетите студираат студенти од различни религии, а има и доста атеисти. Овој симболичен почеток на учебната година верувам дека би навредил многу луѓе. Пред сè од политички аспект ова е класична клерикализација и воопшто не е во ред“, изјави Радмила Ванкоска од Слободен индекс.

Инаку оваа академска година започнува со 17.000 нови студенти запишани во прва студиска година на повеќе од 400 различни студиски програми. Зголемен е бројот на новозапишани студенти на студиските програми од областа на техничките и природно-математичките науки.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG