Достапни линкови

Ваши коментари - СДСМ и шансата за алтернатива


Протестен митинг на СДСМ во Скопје на 15 мај 2011.
Протестен митинг на СДСМ во Скопје на 15 мај 2011.

Ваши коментари на прашањата дали СДСМ почнува да заличува на ВМРО-ДПМНЕ со инсистирањето на таканаречените патриотски прашања?

Дали СДСМ почнува да заличува на ВМРО-ДПМНЕ со инсистирањето на таканаречените патриотски прашања? Дали во некој хипотетички случај би се согласил премиер да даде ДУИ? Дали ја испушти шансата да биде алтернатива?
Сега треба да сте патриоти, драги вмровчиња, бидејќи државата утре ќе ни ја нема, а името Македонија може да ни биде само убав спомен од минатото.
Коментар од читател.

Основното училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје.
Основното училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје.
Овие прашања загатнати и елаборирани во нашиот поширок текст предизвикале полемика, но за проблемот со името. Мислењето на Миле од Охрид дека алтернатива на оваа власт не можеле да бидат поддржувачи на шовинистичките уцени, како што вели, да си го промениме името, предизвикало некој посетител на нашата веб-страница симболично потпишан со Александар од Пела да го напише своето мислење дека Миле не гледа подалеку од носот задоен со Грујо, како што пишува, „кој ја подели Македонија како федерална држава со другарчињата по тендери од ДУИ и прави што сака, а овие глумат патриоти и ништо не им можат“. Сега треба да сте патриоти, драги вмровчиња - продолжува Александар, „бидејќи државата утре ќе ни ја нема, а името Македонија може да ни биде само убав спомен од минатото“.

Дали училиштата во Скопје на кои им беа сменети имињата се жарчиња што тлеат? Пчела од Скопје прашува зошто се кренала толкава фама околу случувањата во Чаир и на кого и зошто му пречи тоа? Зошто медиумите веднаш пишуваат дека „ќе дојде до нарушување на меѓуетничките односи“. Ваквите ставови ги нарушуваат меѓуетничките односи, смета Пчела и потсетува дека кога во Центар се смениле имиња не пречело никому, а сега, патриотизмот, вели, нè удри в глава, па ќе менуваме како ѝ одговара само на една „страна“. Во други пораки околу тоа дали треба или не политичко решение за проблемот со училиштата, некои сметаат дека треба правни мерки, како што предлага МКД: „Не постои училиште што се вика Хасан, значи наставниците нема да земат плата од државата“.

Интересни коментари предизвикал и текстот на активистот за човекови права и член на Хелсиншкиот комитет, Воислав Стојановски, во младинската онлајн колумна , под наслов „Тивок премин кон полициска држава“. Како интересен се чини писмениот дијалог помеѓу Тошо и Митко, обајцата од Скопје: Тошо смета дека било подобро полициска отколку мафијашка држава каква што Македонија според него била до 2006 година, а Митко му одговара: „Кога ќе искоментираат некои што по цел ден гледаат Сител - ми се темни. Полицијата денес е најголема мафија, земи господине Тошо извештај и разгледај малку која институција најмногу го полни буџетот, па после коментирај“ - му препорачува Митко.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG