Достапни линкови

Се поголем број воени злосторства во Сирија


Советот за човекови права на Обединетите Нации, денеска во Женева, ги презентира наодите во врска со можните воени злосторства во Сирија и изготви нова листа на сторители. Советот констатира дека има сериозни кршења на човековите права во Сирија и побара од Советот за безбедност да покрене постапка пред Меѓународниот кривичен суд. Во извештајот се констатира и дека исламистички милитанти им се приклучуваат на анти-владините бунтовници и настојуваат да ги радикализираат. Најмалку 23.000 луѓе се убиени во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар Ал Асад пред 18 месеци.
XS
SM
MD
LG