Достапни линкови

logo-print

Иранската револуционерна гарда има пратеници во Сирија


Врховниот командант на иранската Револуционерна гарда изјави дека елитната единица има советници во Либан и Сирија. Генералот Мохамед Али Јафари изјави дека членови на гардата биле распределени во Сирија и Либан и веќе подолго време работат како советници. Јафари дополни дека официјален Техеран се уште не одлучил дали да го зголеми военото присуство во Сирија со цел да му се помогне на режимот на претседателот Башар ал Асад. Западните земји го прозваа Иран за подршка на конфликтот во Сирија, во кој во изминативе 18 месеци загинаа повеќе од 20.000 лица.
XS
SM
MD
LG