Достапни линкови

Авганистан - НАТО ќе ја истражува смртта на цивилите


Од НАТО сериозно ги земаат во предвид цивилните жртви и ќе се истражуваат извештате за убиените жени, соопштија од Алијансата, како одговор на обвинувањата дека за време на воздушен напад на НАТО во источниот дел на Авганистан, биле убиени осум жени.
Aвганистанските официјални лица претходно соопштија дека за време на нападот биле убиени 8 жени кои собирале дрва за огрев, а 10 биле ранети. Силите на НАТО бомбардирале во едно село во покраината Лагман. Од НАТО првин соопштија дека при нападот убиле 45 милитанти и дека нема цивилни жртви.
XS
SM
MD
LG