Достапни линкови

Најмалку 50 луѓе загинале во Сирија


Најмалку 50 луѓе загинале денеска во Сирија, откако силите на претседателот Башар ал Асад ги засилија нападите врз области контролирани од страна на бунтовниците. Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека повеќето од жртвите загинале во близина на Дамаск и во северниот град Алепо, каде силите на Асад се борат со бунтовниците веќе два месеци. Претходно државната телевизија САНА јави дека владините сили ја повратиле контролата на квартот Мидан кој се наоѓа во центарот на Алепо. A бунтовничките борци тврдат дека тие пак ја повратиле „целосната контрола“ на Салахедин што е во близина на Алепо.
XS
SM
MD
LG