Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рецесијата


СДСМ денеска обвини дека рецесијата во која влезе македонската економија не е важно прашање за власта.

Повикувајќи се на Еуростат, потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски рече дека ЕУ и еврозоната не се во рецесија, бидејќи немаат две последователни тримесечја со економски пад. Тие имаат пад само во второто тримесечје од годинава и падот им е многу помал од македонскиот. Падот на еврозоната е речиси два пати, а падот на ЕУ е три пати помал од падот на македонската економија.
Опозицијата, додаде, не критикува, туку презентира прецизни факти и аргументи.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека намерата на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски е преку креирање тензии и нервози да прикаже крах на економијата. Тоа што не им успеа со сценариото за девалвација, сега сакаат да го постигнат преку ширењето паника од рецесија. Но, граѓаните можат да бида спокојни, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ .

Податоците што ги објави Државниот завод за статистика за вториот квартал од годинава, не се никакво изненадување, напротив и владини претставници говореа за таквата состојба. Затоа Владата со мерките кои претходно ги презема се подготви за таква една ситуација која не е ништо поразлична од сите држави во соседството и државите во цела Европа кои мака мачат со соочување со предизвиците на економската криза, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG