Достапни линкови

Груевски прозборе за законот за бранители и рецесијата


Законот за бранителите е правичен и не е противуставен, не е против никого, не загорузува ничии интереси и не загрозува ниту една етничка заедница, нагласи денеска премиерот Никола Груевски.

Овој закон, во друга верзија, потсети тој, е донесен во првата половина на 2002 година, но подолг период, посочи, се провлеквуа прашањето за зголемување на одредени бенефиции од тој закон.

На новинарско прашање како гледа на настаните што се случуваат во Собранието , со постојаното влегување и излегување од седниците на одредени пратенички групи и дали постои политичка криза, Груевски рече дека ситуацијата е се уште исклучително сложена и ќе зависи од многу работи што ќе се случуваат во иднина.

ВМРО - ДПМНЕ останува на ставот дека треба да се донесе Законот за бранители и ќе ги направиме сите можни чекори и што е во наша моќ тој да биде донесен. Од таа гледна точка ВМРО - ДПМНЕ ќе го продолжи она што го започна, рече Премиерот .

„Како ќе се однесуваат другите политички партии останува да видиме. Ние кажавме дека не посакуваме предвремени парламентарни избори, но доколку бидеме доведени во таква ситуација, не се плашиме и сме подготвени да влетаме во такви предвремени парламентарни избори и да ја добиеме довербата на граѓаните.“

Тој истакна дека е најважно да продолжи функционирањето на институциите. Долку се соочиме со нивно не функционирање или со непринципиелности од одредени страни, може да реагираме со барање за предвремени парламентарни избори, изјави Груевски.

Партиите кои се спротивставуваат на овој закон, порача премиерот Груевски, треба да размислат уште еднаш, позрело, и да не го злоупотребуваат во политичко - партиски цели.

Што се однесува до рецесијата, Груевски изјави дека рецесијата во вториот квартал од годинава не е изненадување со оглед на ситуацијата во Европа, но се надева дека со мерките што се преземени од страна на Владата ќе има подобри резултати во третиот и четвртиот квартал.
XS
SM
MD
LG