Достапни линкови

Панета- се смирува насилството во муслиманскиот свет


Секретарот за одбрана на САД, Леон Панета .

Секретарот за одбрана на САД, Леон Панета .

Секретарот за одбрана на САД, Леон Панета изјави денеска дека верува оти настаните во муслиманскиот свет предизивикани од анти- исламскиот филм ќе траат уште неколку денови и дека насилството полека ќе почне да опаѓа.

Тој рече дека војската на САД е подготвена да ги заштити луѓето и имотот на САД кои се изложени на опасност, поради протестите кои траат последните неколку денови во муслиманските земји.

Панета денеска отпатува во службена посета на Јапонија, каде ќе има средби со јапонските власти и ќе ги посети американските трупи.
XS
SM
MD
LG