Достапни линкови

logo-print

Авганистан- шест војници на НАТО убиени од „внатрешни напади“


Четворица војници на НАТО се убиени во вториот напад во само 24 часа за кој се сомничат авганистански полицајци. Нападот се случил во јужната провинција Забул кога вооружени напаѓачи почнале да пукаат кон контролен пункт. НАТО соопшти дека сè уште истражува дали напаѓачите се поединци што носат полициска униформа или, пак, навистина се работи за полицајци. Со овој напад, бројот на жртви од т.н. „внатрешни напади“ викендов се искачи на шест убиени. Авганистански полицаец вчера застрела двајца британски војници пред да биде убиен во провинцијата Хелманд. Најмалку 51 странски војници се убиени на ваков начин во Авганистан годинава.
XS
SM
MD
LG