Достапни линкови

logo-print

Катрин Денев-Никој не треба да биде изненаден што сум во Македонија


Француската актерка Катрин Денев на денешната пресс конференција во Битола.

Француската актерка Катрин Денев на денешната пресс конференција во Битола.

Сакам да истражувам и да проучувам. Ме интересира минатото за секоја држава, нејзината култура и вредности. Никој не треба да биде изненаден што сум тука во Македонија, бидејќи јас сакам да престојувам насекаде, па дури и во Индија, Кина и затоа немојте да бидете изненадени што сега сум во Македонија, порача рече Кетрин Денев од Битола.

Таа е овогодинешната добитничка на специјалната награда Златна Камера 300, за особен придонес во светската филмска уметност.

Денев смета дека кинематограферите се важен сегмент во производството на еден филм.
Француската актерка Катрин Денев ја прима наградата „Златна камера 300“ од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов,

Француската актерка Катрин Денев ја прима наградата „Златна камера 300“ од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов,


„Секогаш, скоро секогаш имам добра соработка со кинематограферите. Таа соработка треба да биде на високо ниво и затоа посакувам режисерите да изберат добар кинематографер. Меѓусебната доверба е од исклучителна важност. Патем, и јас сум уверена дека на филмот му претстои ера на дигитализација“.

На младите актери таа им препорача освен со актерство во слободно време да се занимаваат и со читање книги, пишување песни или пеење и така ќе имаат повеќе енергија.
XS
SM
MD
LG