Достапни линкови

Иран- фондацијата Хордад нуди 3,3 милиони долари за Салман Ружди


Британскиот писател Салман Ружди, кој е роден во Иран.

Британскиот писател Салман Ружди, кој е роден во Иран.

Иранската фондација која понуди 2, 8 милиони долари за главата на британскиот писател Салман Ружди, сега понуди нова повисока цена за неговата глава, односно 3, 3 милиони долари. Од фондацијата Хордад велат дека ако Ружди беше убиен за богохулење уште во 1989 кога беше издадена наредбата од ајатолахот Рухолах Хомеини, сега немаше да има филмови, како оној последниот со кој се исмева исламот. Филмот предизвика серија протести низ муслиманскиот свет.
XS
SM
MD
LG